Утрински Весник
Култура

Изложбата „И јас сум тука“ и проекција на филмот „Модна ревија“ во Кавадарци

300x250 (7)

Изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“ на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска ќе биде отворена на вечерва во 19 часот во Домот на културата „Иван Мазев“ во Кавадарци. Изложбата вклучува 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од Македонија на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по отворањето на изложбата, ќе биде прикажан и шведскиот документарен филм „Модна ревија: Од Глада Худик до Њујорк“, во кој улогите ги толкуваат лица актери со интелектуална попреченост, кои денес се ѕвезди во Шведска. Филмот зборува за соништата во кои треба да веруваме.

Ss1

На настанот ќе биде промовирана и книгата „И јас сум тука“, во која се сместени сите приказни на луѓето учесници на изложбата, како и македонскиот превод на „Не престанувајте да се гушкате“ од Оса Емрот, книга со цитати на актерите од театарот „Глада Худик“ од Шведска.

Целта на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ е да се смени стереотипното однесување кон луѓето со попреченост, да се намалат стигмите и да се крене свесноста за интелектуалната попреченост, вели Ануки Стуруа, проект-менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди“.

„И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чиј иницијатор е театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, со поддршка на Шведскиот институт. Ова е проект што во Шведска од 2014 година дал одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се спроведува од 2020 година. Здружението на граѓаните за поддршка на лицата со посебни потреби „Солем“ преку разни активности се вклучи во проектот за што повеќе деца во земјата да бидат опфатени преку активности реализирани во училиштата.

Основач на проектот е театарскиот режисер, продуцент и сценарист Пер Јохансон.

Изложбата „И јас сум тука“ беше првпат претставена пред јавноста во ноември во Кинотеката на Македонија во ноември 2021 година, а во меѓувреме беше претставена во Струга, Гевгелија, Богданци и во Неготино, а есенва ќе има мини турнеја во неколку градови во Македонија.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“