Утрински Весник
Економија

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори

Whatsapp Image 2025 02 18 At 09.43.58.jpeg

Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво.  Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти.

Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 проценти),  куќите со 235 (11 проценти), земјоделско земјиште и шуми со 210 закупи (10 проценти). Индустријата и градежното земјиште учествуваат на пазарот со по 2 проценти закупи, додека гаражите и останати недвижности со по 1 процент.

Споредбено со првиот квартал од 2026 година, закупот на станови бележи пад од -14  проценти во однос на бројот на закупени станови и пад на вкупната месечна закупнина од -9  проценти.

Куќите бележат пад на бројот на закупи од -24 проценти и пад на вкупната месечна закупнина од -5 проценти во споредба со претходниот квартал.

Кај деловните простори забележан е пад на бројот на закупи од -8 проценти и раст на вкупната месечна закупнина од 20 проценти во споредба со првиот квартал од 2026 година.  

Најголем број закупи се регистрирани во општина Центар, 286, по што следуваат општина Аеродром, 197, општина Карпош, 173, општина Битола, 129. 

Просечната месечна закупнина по метар квадратен станбен простор во општина Центар изнесува 408 денари, во Аеродром 375, Карпош 354, Кисела Вода 326, Штип  266 денари.

Во вториот квартал се закупени недвижности со вкупна површина од 2.422.990 метри квадратни со вкупна месечна закупнина од 76.252.047 денари. Најмногу е закупено земјоделско земјиште и шуми, додека најголема цена на месечна закупнина имаат достигнато деловните простори.

Во април се регистрирани најмногу закупи, 776, а најмалку во мај, 669, додека во јуни имало 703 – покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини.

Можете да прочитате

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори

Левица: Македонија живее на кредит, за три месеци над 20 милијарди денари задолжување

ОКТА: Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026 година