Утрински Весник
Македонија

Претрес рано утрово во гостиварско: Полицијата заплени дрога и муниција

Screenshot 2026 07 31 095000.jpg

Полициски службеници од ОВР Гостивар утрово извршиле претрес во дом во гостиварското село Равен, при што биле пронајдени дрога и муниција, а едно лице е лишено од слобода.

Според информациите од МВР, денеска во 07:30 часот бил уапсен Д.С. (58) од село Равен, гостиварско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Претресот во неговиот дом и помошните простории бил извршен врз основа на судска наредба.

При полициската акција биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, како и куршуми за пиштол.

Педесет и осумгодишниот маж бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ОЈО отвори истрага за нападот врз лекар во поликлиниката „Букурешт“

Две и пол години затвор за Гордана Филиповиќ за смртта на пешакот кај Мостот „Гоце Делчев“

Пет лица уапсени во Скопје за предизвикување пожари