Утрински Весник
Македонија

Џафери – Рибеира: Слободата на медиумите и на изразувањето е суштината на демократијата

Џафери – Рибеира: Слободата на медиумите и на изразувањето е суштината на демократијата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со Тереза Рибеира, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Џафери изрази задоволство од остварувањето на оваа средба имајќи ги предвид големиот ангажман и посветеноста на ОБСЕ во зголемувањето на напорите за унапредување на слободата на медиумите во регионот на земјите на ОБСЕ. Ова е особено значајно во време кога Република Северна Македонија се подготвува да го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, во чие претседавање како приоритетна цел и проекција е вклучена и слободата на медиумите. Тој истакна дека регионот на ОБСЕ несомнено се соочува со најголемиот предизвик од своето постоење поради руската агресија врз Украина и улогата на ОБСЕ во намалувањето на далекосежните последици од кризата, кои секако имаат директно влијание врз медиумите. Потребна е постојана борба против растечките предизвици во врска со влијанието на дезинформациите, говорот на омраза, како и за слободата на изразување и медиумскиот плурализам. Претседателот исто така истакна дека и безбедноста на новинарите е голем предизвик за што е потребно преземање дополнителни мерки за нивна заштита, при што ја информира гостинката дека измената на законската регулатива за тоа прашање е во собраниска процедура.

Во продолжение на средбата претседателот Џафери изрази задоволство од плодната соработка меѓу Собранието и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел за зајакнување на парламентарната независност, надзорната функција и демократската улога и промовирање на родовата еднаквост.

Рибеира истакна дека во Република Северна Македонија има напредок во повеќе сфери и земјата се наоѓа во подобра позиција во однос на изминатиот период. Северна Македонија го усогласува своето законодавство за слободата на медиумите со меѓународните стандарди, но сепак има простор за подобрување на работите во оваа област. Освен потребата за подобрување на законодавството и имплементацијата во областа на слободата на медиумите, таа истакна дека е потребно обезбедување вистинска независност на јавните служби за што е потребно тие да имаат подобри услови за извршување на своите задачи.

На крајот на средбата двајцата соговорници се согласија дека слободата на медиумите и слободата на изразување е суштината на демократијата и потребно е вистинско поимање на слободата на медиумите преку воспоставување систем на структурирани прописи и принципи со цел унапредување на односите во оваа област.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Уживаме во целосна поддршка од меѓународната заедница, црни листи за нашите противници

Се продаваат сметки за скенирање на МојДДВ – злоупотреба на системот низ социјалните мрежи

Таравари реагира за случајот во Нерово: Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?