Утрински Весник
Балкан

Адвокатите во Србија ја прекинаа работата

Belgrad Izvor Mia 600x375 1.jpg

Адвокатите во Србија денеска ја прекинаа работата поради незаконскиот начин на донесување и усвојување измени на Кривичниот законик, без соодветно учество на правната професија, селективно гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, како и селективно гонење на учесниците на протестите во тој град, јавија српските медиуми.

Причините за суспендирање на работата на адвокатите се систематското и долгогодишно мешање на извршната власт во работата на судството и кршењето на принципот на поделба на власта во едно демократско општество.


Управниот одбор на Адвокатската комора на Србија на 5 декември донесе едногласна одлука за прекин на работата на 11 декември.

Можете да прочитате

Во Грција за четири месеци уапсени 3.850 лица за семејно насилство

Во Белгија штрајк на контролорите на воздушниот сообраќај

Тројца македонски државјани уапсени во Хрватска