Утрински Весник
Македонија

Ја принудувал сопругата на сексуални односи и вршел физичко малтретирање врз неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Nasilstvo.webp.webp

Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период.

Денеска полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство на 1,01 промил алкохол во крвта.

Во текот на вечерта, жената дополнително пријавила дека И.Т., во подолг период и под дејство на алкохол, ја принудувал на сексуални односи, како и дека вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и нивните деца. Врз основа на тоа, во 23:55 часот бил извршен претрес во домот на И.Т., при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривично дело.

Од МВР информираат дека лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка. Најавуваат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Чистејќи го имотот, запалил оган и предизвикал пожар

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата