Утрински Весник
Македонија

Јајага на Состаноците на НАТО министрите за одбрана и Контакт Групата за Украина во Брисел

2 1.jpg

Заменикот министер за одбрана, Тирон Јајага вчера и денес (13-14 јуни 2024 година) во Брисел учествуваше на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО во формат министри за одбрана, каде главниот фокус е ставен на подготовките за Самитот на НАТО во Вашингтон во Јули, како и зајакнатата улога на Алијансата во поддршка на Украина.

Министрите за одбрана вчера учествуваа на две засебни сесии на Контакт групата за Украина и Советот НАТО -Украина на кои стана збор за итните украински потреби во одбрана на нивната земја од руската агресија. На состаноците се разговараше и за зајакнувањето на рамката за долгорочна поддршка на Украина која ќе овозможи предвидливост, одговорност и транспарентност на овој процес.

На денешните состаноци се разговараше за засилувањето на концептот за одвраќање и одбрана, како основа за одржување на безбедна и стабилна евро-атлантска област. Министрите за одбрана разговараа и за процесот на адаптација на командната структура на НАТО, имплементацијата на одбранбените планови и развојот на интегрирани одбранбени системи. Тема на состаноците беше и интензивирањето на хибридните закани, особено сајбер заканите И дезинформациските кампањи од страна на Русија, како и  нуклеарната одбрана на НАТО.

На маргините на состанокот се одржа и изложба под покровителство на специјалната претставничка на Генералниот секретар на НАТО за жени мир и безбедност, Ирене Фелин, каде што беа презентирани  наменски униформи и опрема за жените војници во Украина, а во рамките на Агендата за жени, мир и безбедност на НАТО.

Можете да прочитате

Николоски: Инвестираме 5 милијарди евра во изградба на патишта и железници, ние сме првата Влада која се посвети на инфраструктурата

Лидерство, пријателство, влијание. Алумни асоцијацијата на Иванов Школата за лидери одбележа 15 години постоење

Обезбедени 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата