Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 46 лица, од нив 41 се приведени

Полицискиот час не го почитувале 46 лица, од нив 41 се приведени

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Од МВР информираат дека по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 113 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе