Струмица, 20 мај 2020 (МИА) -Денеска е евидентиран првиот докажано позитивен пациент на Ковид-19 во Струмица, информираше директорот на Центарот за јавно здравје, Петре Витанов.
-Се работи за триесет и две годишен струмичанец, кој имал поголем број на контакти и многу се движел. Тој е во добра здравствена состојба, но состојбата е сериозна бидејќи пациентот имал многу контакти и самиот не знае каде и од кого се заразил, рече директорот Витанов.
Тој апелира граѓаните да не се опуштаат и целосно да се придржуваат до мерките за заштита.
Инаку, порано беа евидентирани двајца заразени од коронавирусот на територијата која ја покрива Центарот за јавно здравје, во општините Босилово и Ново Село. И двајцата заболени успешно се излекуваа во домашни услови.рт/ир