Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски се сретна со претставници на партијата Македонска Алијанса за европска интеграција од Албанија

Пендаровски се сретна со претставници на партијата Македонска Алијанса за европска интеграција од Албанија
300x250 opst2

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими Васил Стерјовски, пратеник со македонско потекло од политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција во Собранието на Република Албанија, соопшти кабинетот на шефот на државата.

На средбата, на која Стерјовски бил, придружуван од Таќо Гроздани, генерален секретар на партијата, се разговарало за актуелната состојба со пандемијата на КОВИД-19, начинот на справување во Албанија, како и во регионите каде живее македонско население во земјата.

Соговорниците го информирале претседателот Пендаровски за тековните активности на партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија во насока на унапредување на положбата на Македонците во Албанија, како и односите меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски констатирал дека Северна Македонија и Албанија имаат одлична соработка, а оти работата на Македонската алијанса може да придонесе кон унапредување на релациите, како и поврзување на заедниците во двете земји.

Покрај добрите соседски односи, двете земји сега имаат проширена можност за соработка како членки на НАТО, како и размена на искуства во европската интеграција. сст/са/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем

Од почетокот на месец октомври 2.267 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 22 лица за безобзирно управување на возило

МНР потврди: Од Кочани е Македонецот кој бил пронајден мртов во Љубљана