Утрински Весник
Македонија

Истражна постапка и предлог за притвор за 27-годишник осомничен за убиство

Истражна постапка и предлог за притвор за 27-годишник осомничен за убиство

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје предложи притвор и нареди истражна постапка против 27-годишник осомничен за убиство што го извршил вчера во раните утрински часови во куќа на улицата „Перо Наков“ при вршење семејно насилство.

Јавното обвинителство вечерва соопшти дека осомничениот со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи.

-Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт, информира Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека осомничениот би можел да ги скрие трагите на кривичното дело или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?