Утрински Весник
Македонија

Опожарена куќа на улица ,,Првомајска” во Делчево

Опожарена куќа на улица ,,Првомајска” во Делчево
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Делчево, 9 мај 2020 (МИА) – Брзата реакција на Територијалната противпожарна единица од Делчево спречи пожар од поголеми размери во Делчево откако од експлозија на плинска боца изгоре една соба од станбено живеалиште на улица ,,Првомајска”. ТППЕ Делчево според информациите на дежурните пожарникари дојавата ја примило во 19:20 часот.

-Во гаснењето на пожарот учествуваа три возила и шест пожарникари при што пожарот беше навреме изгаснат, а со тоа и оневозможен да се прошири на останатиот дел од куќата, како и на околните објекти, информираат од противпожарната служба.
Додаваат дека за среќа во пожарот нема повредени лица.
Ова е втор пожар за една недела во Делчевско. Во пожар кој пред неколку дена се случи во делчевското село Тработивиште беше опожарена сушара, сопственост на жител на селото. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициска акција во Штип – приведени службеници

Тетовец пријавен за закани кон полициски службеници во Гостивар

Утре променливо облачно време – 24info.mk