Утрински Весник
Македонија

Неуморните волонтери на Црвен крст и денес на терен, Првомајскиот ден-за нив работен

Неуморните волонтери на Црвен крст и денес на терен, Првомајскиот ден-за нив работен

Крива Паланка, 1 мај 2020, (МИА) – Во деновите од почеток на пандемијата, главните препораки за дистанцирање и останување дома важат за сите граѓани, но во ова вонредно секојдневие свесни сме дека работниците од здравството, полицијата, од прехрамбените продавници, доставувачи, но и волонтерите на Црвениот крст, неуморно и постојано се на работните места опслужувајќи ги граѓаните. Сѐ така, од 10 март, откако дома седат и учениците и наставниците, и родителите на дечињата до 10 години, и дел од работниците кои можат од дома да ги обавуваат работните обврски.

 Денес, кога се слави денот на трудот, Први мај, со сета должна почит кон сите работнци кои и денес работат во служба на граѓаните, се осврнувам на волонтерите на Црвениот крст.

Како изгледа еден нивен ден? Што се е потребно да направат за да се подготват за денот во кој на дежурнито телефонски повик ќе се јават повозрасни граѓани, изнемоштени-болни лица или останати, за достава на намирници, хигиенски средства, лекови, каков е нивниот придонесво целата состојба на надминување на кризата?

Одговор на овие прашања добив, многу јасно, откако поминав еден ден со нив, ден пред први мај, во акција за делење заштитни маски на граѓаните, на фреквентни локации низ градот.

Најпрвин, на влезот во ОО Црвен крст, Крива Паланка, ја поминав стандардната процедура на дезинфекција, а секако, дојдов со целосната потребна заштитна опрема. Канцеларијата која беше отворена ширум, а празна, но се исполни со позитивна енергија со прстигнувањето на дневниот дежурен мобилен тим, во состав Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Маријана Тодоровска, Дарко Ристовски и Дамир Христов, волонтери и дел од тимот за одговор и дејствување при катастрофи.

Од нога јадејќи го појадокот, тие ги ажурираа последните насоки и направија координација, како да се распоредат обврските за достава на маски на граѓаните, доделени од општинскиот кризен штаб. Секако, беше извршена и редовната проверка на дежурниот телефонски број кој е достапен за граѓаните, а откако се утврди дека нема повици, се поделивме во пунктови. Се стави целата заштитна опрема и излеговме на терен.

На повеќе локации, на најфреквентните места во градот, пред маркетите, пред банките и банкоматите, на градскиот пазар, доставивме маски до сите граѓани кои не носеа, се поделија на минувачите со автомобили, а секако и дел од граѓаните не пропуштија да ги прашаат волонтерите за други работи, информирајќи се од лицата од Црвен крст од прва рака, бидејќи довербата во овие неоуморни помагачи во црвени елеци е голема.

Во два дена беа поделени 1.000 заштитни маски за граѓаните, а јас имав можност да ја почувствувам гордоста, но и одговорноста да се биде дел од тимовите на Црвен крст.

-Тука сме за граѓаните, поддршка сме од почетокот на пандемијата, како и сите 365 дена во годината. Најпрвин почнавме со подршка на граничнито премин со Р Бугарија, деве Баир, како логистика на службите и на вработените од ПЕ на ХЕС, Центар за јавно здравје, Крива Паланка, во постојана координација со општинскиот кризен штаб, следејќи ги и сите насоки од Оперативниот план на Црвен крст на РС Македонија. Потоа, откако беше прогласена вонредната состојба, се мобилизиравме во мобилни тимови и во поддршка на најранливите категории. Да нагласам дека единствени, заедно со полицијата, ги посетувавме лицата во домашна изолација и самоизолација. Полицијата контролираше, ние доставувавме храна и потребни средства за хигиена, вели Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Од почетокот на функционирање на дежурниот телефонски број, 078 30 30 60, примени се вкупно 58 повици, од нив 19 за достава на пакети на болни изнемоштени, стари возрасни лица од општината и останати ранливи категории граѓани, а останатите и за друг вид помош, подршка , консултација.

– Мобилни тимови, според препораките и оперативниот план за дејствување, се секојдневно активни, као и денес, иако за многумина е неработен ден, ден на трудот. Ние денес дежураме со еден тим од три лица, а најчесто сме еден или два тима со двајца или тројца волонтери. Откако ќе примиме повик за некаква потреба од грѓаните, се распоредуваме, се купуваат потребниет намирници, се пакуваат, се запазуваат сите мерки за наша лична заштита и се тргнува на терен, за достава. Овие намирници за кои се јавуваат граѓаните, самите и ги плаќаат на врата, додава Пешовски.

Но Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка функционира како логистика на општински кризен штаб и имаат доставено и пакети од општински кризен штаб, околу двесте, плус дополнително околу сто и педесет пакети од Црвен крст на РС Македонија.

-Во овие месец и пол, доспеавме и до најоддалкечени места во руралните и непристапни терени, во двете општини, и во Крива Паланка и во Ранковце. Најчесто, кај најранливите и болни лица, осамени. Покрај пакетите од општинскиот кризен штаб донација од хумани граѓани и општествено одговорни компании, околу двесте, а доставивме и 150 пакети за социјално загрозени семјства кои од републички Црвен крст ги добивме од групацијата Штаермеркише и од дветелокални банки, Шпаркасе и Охридска банка, истакна Пешовски.
Од почеток на кризата одржани се и две крводарителски акции во Крива Паланка, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Скопје, двете вонредни, за надополнување на крвните резерви во државата.
Има и хуманисти кои како општествено-одговорни компании даваат поддршка на овие мобилни тимови, кои имаат одговорна и благородна работа.
-Благодарност до сите кои не имаат на ум, кои не не забораваат и нас, како што ние никогаш не се прашуваме кој кога и каде ќе не повика да му помогнеме, рече Пешовски, заблагодарувајќи им се и на сите волонтери на организацијата кои на свој начин придонесуваат истата да функционира беспрекорно.

Она што ги прави единствени, е енергијата која владее во секоја ситуација кога се на задача. Имаат неодредено работно време и не прашуваат до кога ќе треба да се активни. Имаат и тие, семејства, родители, свои блиски, а во прв план им се секогаш другите, сите останати, граѓани, со акцент на хуманоста, трпеливоста, доследноста.

На денот на трудот, почит за трудот на волонтерите на сите општински организации на Црвен крст во Република Северна Македонија, но да укажеме почит и до сите волонтери на Црвен крст во најголемто хумано семејство во светот.

Ирена Димитровска

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?