Утрински Весник
Македонија

Владата денеска ќе одржи седница преку видео-комуникација

Се одложуваат постапките за престанок на договор за вработување или договор за продолжување на вработувањето на здравствен работник

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија денеска во 13.30 часот ќе одржи седница, која ќе се одвива преку видео-интернет комуникација.

Како што соопшти владината прес-служба, за заклучоците од седницата ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување.
Според најавите, на владината седница меѓудругото ќе се одлучува дали граѓаните ќе ги поминат првомајските празници во тридневен карантин, по препораките на Комисијата за заразни болести која предложи полицискиот час во земјата за 1 Мај да трае од 19 часот в четврток до пет часот в понеделник, сличен на оној на Велигденските празници. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание