Утрински Весник
Македонија

Крап капиталец уловен во Осломејското Езеро кај Кичево

Крап капиталец уловен во Осломејското Езеро кај Кичево

Кичево, 28 април 2020 (МИА) – Спортскиот риболовец од Кичевското село Гарани, Весмир Елези во Осломејското Езеро успеа да улови капитален примерок на крап, со тежина од близу седум килограми.

-Ова е вистински настан што го посакува секој рибар. Знаев дека се работи за крупна риба кога го почувствував силниот удар на блинкерот, кој се повтори по неколку секунди. По неколку минутна борба крапот ја извлеков на суво. Тоа беше прекрасен примерок на автохтон крап, со должина од околу 80 сантиметри и со тежина од околу пет килограми. Беше задоволство и повторно нормално го вратив во езерото, изјави Елези.

Осломејското Езеро од ден на ден се повеќе го привлекува вниманието на спортските риболовци и станува вистинска атракција.

Преку донации ланската година оваа езеро два пати беше порибувано. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила