Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Прилеп осум новозаболени, почнува акција за дезинфекција

Во Прилеп осум новозаболени, почнува акција за дезинфекција
Img 7972

Прилеп, 25 април 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска се регистрирани осум новозаболени лица од коронавирусот, информираат од локалната самоуправа. Во самоизолација се наоѓаат 284 лица, а во изминатото деноноќие, евидентирано е едно нарушување на полицискиот час.

На инфективното одделение од прилепската болница се хоспитализирани 17 лица позитивни на Ковид-19 и сите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат четири пациенти; двајца од нив се негативни на коронавирусот, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултатите.

Веднаш по почетокот на забраната за движење на граѓаните во 15 часот, ќе започне акцијата за дезинфекција на сите улици и јавни површини во градот. Акцијата ќе ја спроведуваат волонтери од Прилеп и од населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки, ќе ги дезинфицираат улиците во сите населби во градот, вклучувајќи ги и тесните улици во кои цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

 Градските власти ги замолуваат граѓаните да ги отстранат возилата од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, за непречено движење на возилата за дезинфекција и за поголема ефикасност на акцијата.

 Акцијата ќе продолжи и утре од 10 часот. Триесетина волонтери ќе ги дезинфицираат влезовите и јавните површини пред сите колективни станбени згради.. ем/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ