Утрински Весник
Македонија

Филипче: Излекувани 200 пациенти, добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај

Филипче: Излекувани 200 пациенти, добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај

Скопје, 20 април 2020 (МИА) – Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да го надминеме, порача на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче, споделувајќи ја информацијата дека досега се излекувани 200 пациенти заболени од коронавирус.

– Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста, објави Филипче. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Кога еко-активизмот станува блокада за развојот?