Утрински Весник
Македонија

Усвоена информација за подготовката на Проектот за итно справување со KОВИД-19

Сè повеќе новороденчиња во светот ги добиваат имињата Корона, Вирус и Ковид

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Владата денеска на седница усвои Информација за текот на подготовката на Проектот за итно справување со KОВИД-19 во Северна Македонија, а го задолжи Министерството за финансии да аплицира до Светската банка за обезбедување заем за негово спроведување.

-Корисници на проектот ќе биде целокупното населението земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и лицата со хронични болести, медицинскиот персонал, медицинските институции и институциите за тестирање како и јавните здравствени институции ангажирани за справување со КОВИД-19 во Република Северна Македонија, информираат од владината прес-служба.

Оттаму додаваат дека како корисници ќе се вклучат и лицата кои имаат потреба од ублажување на социјалното влијание (социјална заштита).

Владата го задолжи Министерството за финансии да ја подготви и да ја достави до Светска банка Апликацијата за избор на услови за обезбедување на заем од Светска банка за Проектот за итно справување со KОВИД-19. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”