Утрински Весник
Македонија

Трговците обврзани да обезбедат редарска служба на влезот и во објектите

Трговците обврзани да обезбедат редарска служба на влезот и во објектите

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Владата на денешната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба за поставување ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија во мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично (во понатамошниот текст: објекти), за време на траење на вонредната состојба.

Согласно Уредбата, трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот.

-Уредбата определува дека трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот. Ознаките се поставуваат на растојание од два метри и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот, наведува владината прес-служба. мч/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”