Утрински Весник
Македонија

Во Битола извршена дезинфекција на најголемите градски населби

Во Битола извршена дезинфекција на најголемите градски населби

Битола, 24 март 2020 (МИА) – Екипи на локалното јавно претпријатие  „Комуналец“ извршија дезинфекција на станбените единици во најголемите градски населби во Битола.

Акцијата беше иницирана од градоначалничката Наташа Петровска, и освен ЈП „Комуналец“ се вклучија и другите битолски јавни претпријатија, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

-Дезинфекција е извршена на станбените единици во населбите „Карпош“, „Кланица“, „Стрелиште“ и „Стара болница“, а акцијата ќе продолжи во наредните денови, соопштија од тамошната локална самоуправа и апелираат граѓаните непотребно да не излегуваат од дома. мт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка