Утрински Весник
Македонија

Во Битола извршена дезинфекција на најголемите градски населби

Во Битола извршена дезинфекција на најголемите градски населби

Битола, 24 март 2020 (МИА)Екипи на локалното јавно претпријатие  „Комуналец“ извршија дезинфекција на станбените единици во најголемите градски населби во Битола.

Акцијата беше иницирана од градоначалничката Наташа Петровска, и освен ЈП „Комуналец“ се вклучија и другите битолски јавни претпријатија, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

-Дезинфекција е извршена на станбените единици во населбите „Карпош“, „Кланица“, „Стрелиште“ и „Стара болница“, а акцијата ќе продолжи во наредните денови, соопштија од тамошната локална самоуправа и апелираат граѓаните непотребно да не излегуваат од дома. мт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

16 годишно момче починало на скопските клиники откако претходно било донесено во бессознание

Гостивар утре добива технички исправна вода, најави Мицкоски

Возач на трактор загинал кај Градско