Утрински Весник
Македонија

По кавга повреден 55-годишен жител на делчевското село Град

По кавга повреден 55-годишен жител на делчевското село Град

Делчево, 4 март 2020 (МИА) – По кавга помеѓу двајца жители, синоќа настрада 55-годишниот Д.И. од село Град. Очевидци велат дека настанот се случил во вечерните часови кај селската подавница, каде при расправија со неговиот согранин И.П, Д.И. се здобил со повреди во пределот на едното око и рамениците.

Потврдено е дека Д.И. утрово се јавил на преглед во делчевскиот здравствен дом, каде се пожалил на болки во рамото. Дополнително, ќе се утврдува дали 55-годишниот жител има скршеници во пределот на лицето и рамениците.
Случајот не е пријавен во полиција, а причините за кавгата биле поради пијанство. вс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва драма во Тетово: Спречен вооружен напад, потера по 15-годишник од Гајре

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија 

Утре облачно време со сончеви периоди