Утрински Весник
Македонија

Прослава на празникот Тримир во Прилеп со богата традиција

Прослава на празникот Тримир во Прилеп со богата традиција
300x250 (7)

Прилеп, 4 март 2020 (МИА) – Со бројни адети денеска се слави празникот Тримир, на третиот ден по Прочка и од почетокот на големите Велигденски пости. Во Прилеп традициите се силни за прославата на  овој, како што велат, женски празник. Здружението на жени „Преродба“ веќе 15-ина години ги негува адетите и традициите за големите празници како што се Бадник, Божик, Велигден, а и Тримир.

Како што објаснува Добринка Илиеска од здружение „Преродба“ денеска младите невести, свршеници, девојки за мажење, блиските женски роднини се на гости кај мајките. Мајките ги канат на посна трпеза, убаво расположение, песна, на совети како да постапат младите невести, свршеници.

300x250 (7)

-Тримир се слави третиот ден по Прочка. Се слави за младите невести, свршениците да појдат кај мајките. Тие ги канат сите блиски на ќерките – свекрвите, сваќите. Се изнесува посна трпеза на која главни се: слатките колачи, пченица, боза, посните јадења, разновидното овошје. Тоа е традиција, мајките ги советуваат ќерките да бидат добри, послушни невести, да ги почитуваат свекрвите, вели Илиеска.

Приготвувањето на белата пченица со конопни зрна отсекогаш бил посебен ритуал. Времињата донесле нешто ново, но, главно, традицијата останала, вели Менче Пејоска од здружението „Преродба“

-Пченицата отсекогаш го носи симболот годината да биде родна. Порано, за оваа пригода, пченицата се требела, се просејувала низ сито, се толчела и се варела. Сега има готово пакување, се олеснува процесот. Дури, ниту конопните зрна не се толчат, се варат, па во „блендер“ се поминуваат. Битно е пченицата да биде бела. Пченицата е за добриот род: невестата да има бебе, житото да се роди. На празникот Тримир се собираат само жените кои имаат приказни кои треба да ги раскажат, без да ги слушаат мажите. Сега еве нови времиња, повеќе се занимаваме со телефоните в раце, низ шега објаснува Пејоска.

Зора Галева, членка на здуржението, вели дека младите додале свои новини. Во основа останува традицијата кога младите енвести добиваат подароци.

– Младите генерации сега прават многу убави месени и слатки, посни јадења, украсени погачи, а на штотуку свршените девојки и младите невести задолжително им се дава подарок, вели Галева.

Лилјана Ѓорѓиеска, претседател  на здружението на жени „Преродба“ наглсува дека веќе 15-ина години ги одбележуваат поголемите празници во годината, потсетуваат за адетите и традициите на Бадник, на Божик, за Прочка, Тримир, за Велигден. Да се зачувааа, да се негуваат и да им се пренесат на новите генерации.

-Нашата мисија еве 15-ина години е иста – пренесување на традиционалните вредности на македонскиот народ на новите генерации. Мислам дека сме една од последните генерации кои доследно ги пренесуваме овие адети. Младите сакаат нешто ново, но ние ќе укажеме на адетите, тие на своите новини, па ќе се приспособиме, ама традициите ќе ги задржиме. Има интерес, но младите сакаат да дадат и свој печат на одбележувањата, објаснува Ѓорѓиеска за зачувувањето на македонските традицонални адети. ем/дма/


Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Маричиќ: СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продожување на преговорите со ЕУ

Ковачевски: На изборите победува тој што може да формира влада

Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион, Општина Охрид да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица”