Велес, 19 февруари 2020 (МИА) – На ЛУ Народен музеј од Велес од Министерството за култура по распишаниот конкурс за годинашната програма и се одобрени вкупно 600 илјади денари, за музејско – археолошка дејност за четири проекти и 160 илјади денари од за четири други проекти од ликовната дејност за организирање сопствени изложби.
Марин Клифов в.д.директор на ЛУ Народен музеј истакна дека се задоволни од добиените средства за четири проекти од музејско – археолошка и четири од ликовна дејност, што е, како што рече, двојно повеќе од лани кога биле одобрени два проекти од музејско-археолошка и два од ликовна дејност.
Во областа на ликовната дејност се одобрени вкупно 160 илјади денари за организирање на четири изложби на Илко Стојаноски, Александар Таневски, Филип Коруновски и Марјан Стојаноски.
Првата изложба на ЛУ Народен музеј во Ликовниот салон во Велес е закажана на 27 февруари. Станува збор за позајмена изложба од Конзерваторскиот центар од Скопје насловена „Она што го гледаме за последен пат“ на авторот Дарко Николовски.ад/фф/