Утрински Весник
Македонија

Велешкиот народен музеј годинава со двојно повеќе проекти од лани

Велешкиот народен музеј годинава со двојно повеќе проекти од лани
Screenshot

Велес, 19 февруари 2020 (МИА) –  На ЛУ Народен музеј од Велес од Министерството за култура по распишаниот конкурс за годинашната програма и се одобрени вкупно  600 илјади денари, за музејско – археолошка дејност за четири проекти и 160 илјади денари од за четири други проекти од ликовната дејност за организирање сопствени  изложби.

Марин Клифов в.д.директор на ЛУ Народен музеј истакна дека се задоволни од добиените средства за четири проекти од музејско – археолошка и четири од ликовна дејност, што е, како што рече, двојно повеќе од лани кога биле одобрени два проекти од музејско-археолошка и два од ликовна дејност.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)
Од областа  музејско-археолошка дејност од Министерството за култура се префатени и финансиски ќе бидат подржани следните проекти: „Во светот на сенките“ – Изложба на движен археолошки материјал од локалитетот Кале/Градиште-село Згрополци, Археолошко истражување на локалитетот Кале-село Стари Град,тие ќе се финансираат по 200 илјади денари, или двете со вкупно 400 илјади денари.
По 100 илјади денари ќе се  финансира Увидот и евиденцијата на камени споменици на подрачјето на Општина Велес, Градско и Чашка и исто така со 100 илјади денари Конзервација на предмети од античката збирка на ЛУ Народен музеј Велес или двете заедно со 200 илјади денари.

Во областа на ликовната дејност се одобрени вкупно 160 илјади денари за организирање на четири изложби на Илко Стојаноски, Александар Таневски, Филип Коруновски и Марјан Стојаноски.

Првата изложба на  ЛУ Народен музеј во Ликовниот салон во Велес е закажана на 27 февруари. Станува збор за позајмена изложба од Конзерваторскиот центар од Скопје насловена „Она што го гледаме за последен пат“ на авторот Дарко Николовски.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“

Европски фронт не ја исклучуваат можноста за протести по изборните резултати

Турски министер за транспорт: Хеликоптерот со кој се превезувал Раиси немал или не вклучил систем за сигнализација