Утрински Весник
Македонија

Меѓународен проект на ученици од Битола со колеги од Шпанија, Полска и Турција

Меѓународен проект на ученици од Битола со колеги од Шпанија, Полска и Турција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Битола, 18 февруари 2020 (МИА) – Ученици од четири европски држави почнаа со реализација на заеднички меѓународен проект во рамки на програмата Еразмус +, а со цел обезбедување технолошки зајакнато училиште.

Прв домаќин на партнерските училишта беше ОУ „Елпида Караманди“ од Битола кое ги воспостави првите комуникациски врски со партнерските училишта во Шпанија, Полска и Турција.

-Задоволство е што училиштето „Елпида Караманди“ влегува во еден ваков проект и затоа што досега не се случило ова училиште да учествува во програмата „Еразмус плус“. Со овој проект дефинитивно се отвораат широки врати за размена на искуства меѓу наставниот кадар и ученицте. Не станува збор само за размена на искуства, туку и за дружење и проширување на видиците во воспитно-образовниот процес, истакна градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

Проектот ќе се реализира две години, вклучени се 40 ученици, а за негова целосна реализација обезбедени се 122.000 евра. мт/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонски експерти работат на стабилизација на свлечиштата и косините на автопатот Охрид-Кичево

Агенцијата за катастар со конкретни резултати во 2025 година: Над 1.040.000 решени предмети и целосно тековно работење

МЗ: Итензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување кај детето