Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден работник при поставување цевковод во Булачани, Скопско

Тешко повреден работник при поставување цевковод во Булачани, Скопско

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Четириесет и петгодишниот С.Р. од село Идризово, Скопско, се здобил вчера со тешки телесни повреди при извршување работи за поставување цевковод во село Булачани, кај Скопје.

Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен вчера во 16.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница во Скопје каде  бил донесен повредениот работник со тешки телесни повреди.

Увид бил извршен на самото место, а за настанот бил запознаен Трудов инспектор. вг/скс/

Фото: МИА Архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Возило излетало од патот Стража – Гостивар, интервенира и противпожарна екипа

19-годишна девојка пријавила физички напад од невенчаниот сопруг и неговите родители

Конески: Луна Стефаноска избрана за потпретседателка на Европските Демократски Студенти