Утрински Весник
Македонија

Возач удрил во петгодишно девојче во Пробиштип по што го напуштил местото

Скопјанец загина во судар на комби и автомобил кај Охрид

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Петгодишно девојче од Пробиштип е повредено откако во неа удрило патничко возило марка „пежо“, со непознати регистарски ознаки, по што возилото го напуштило местото.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера во 15.45 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.

-Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип, наведуват од МВР. вг/скс/

Фото: МИА Архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заштитете се од комарци, потврдени два случаи на западнонилска треска во Македонија

Мицкоски: Ќе има секретар за добро владеење, но тоа нема да биде Димовски

Расправија во сообраќајот завршила со тепачка меѓу жени во Ѓорче Петров