Утрински Весник
Македонија

Лекари утврдија дека Боки 13 може да го следи судењето, боледува од гастритис, а не од канцер

Лекари утврдија дека Боки 13 може да го следи судењето, боледува од гастритис, а не од канцер

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – По речиси еден час продолжи рочиштето за „Рекет“, откако екипата на Брза помош утврди дека обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 може да го следи судењето.

Судијката Васка Николовска-Масевска во судницата го прочита извесувањето од Клиниката на гастроентерохепатологија во кое е наведено дека Јовановски имал хроничен гастритис и оти малигни материјали не биле најдени, по што рече дека судењето ќе продолжи.

Боки 13 на ова реагираше со повишен тон, велејќи дека се врши тортура врз него и оти не бил прегледан од комисија доктори.

Судењето продолжи со  презентирање на материјални докази од страна на Обвинителството.

Беше презентирано дека Боки 13 преку Ватсап комуницирал со лицето Васе за случајот ,,Империја”. Тие разменувале информаци и слики за судската постапка.

Обвинителство презентираше и скриншот од комуникација меѓу Боки 13 и Дејан Панделески од „Пелистерка“.  Судењето е во тек. оџ/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути