Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави и притвор за крадец од Охрид и негов помошник

Предложена мерка притвор за осомничен за разбојништво во аптека во Скопје

Охрид, 11 февруари 2020 (МИА) – Кривична пријава и седумневен притвор заработи 35-годишниот С.Ѓ. од Охрид, осомничен сторител на две кривични дела „тешка кражба“.

Според полицијата, осомничениот во периодот ноември-декември минатата година населно влегувал во неколку викендички во туристичките населби Лагадин и Елешец, при што одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети.

Украдената стока ја преземало лицето К.А. (38) исто така од Охрид, криејќи ги предметите во неговиот дом. Против второто лице поднесени се кривични пријави за сторени кривични дела „прикривање“ и „помагање“. аб/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година