Утрински Весник
Македонија

Земјотрес утрово почувствуван во Охрид и Битола

Deprem haftasi konulu fotograf ve yazi odakli sade instagram gonderisi.jpg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 08 часот и 47 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 140 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


Можете да прочитате

16 дена активизам: Бараме конкретна одговорност од Жаклина Пешевска

Сопругот осомничен за нападот врз жената од Гостивар е спроведен во Бардовци, жената е на интензивна нега

Пензискиот систем: Право што се создава со труд, а се гарантира со закон