Утрински Весник
Македонија

16 дена активизам: Бараме конкретна одговорност од Жаклина Пешевска

1 75.jpg

Продолжуваме со нашиот „Ѕид на срамот”, упатувајќи јавни прашања до Жаклина Пешевска, претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, велат од Иницијативата 16 дена активизам

„Во април годинава, како претседателка на Комисијата, организиравте надзорна расправа за заштита на жените од насилство. Во август, заедно со други пратенички, ги поднесовте законските измени за подобрување на нивната заштита.


Каде се заклучоците од надзорната расправа? Зошто законските измени што самите ги поднесовте сè уште не се ставени на дневен ред?

Родовата нееднаквост е во коренот на насилството врз жените. Каква одговорност преземате за уназадувањето на родовата еднаквост и отстранувањето на одредбите за заштита од дискриминација и насилство од образовните закони?

Од претседателката на Комисијата за еднакви можности очекуваме конкретни постапки за унапредување, а не уназадување на правата на жените.

Бараме одговорност и резултати“ велат од Иницијативата.

Можете да прочитате

Земјотрес утрово почувствуван во Охрид и Битола

Сопругот осомничен за нападот врз жената од Гостивар е спроведен во Бардовци, жената е на интензивна нега

Пензискиот систем: Право што се создава со труд, а се гарантира со закон