Утрински Весник
Македонија

ЛДП Валандово: ПР-спектакл на владата за цели 1.560 метри асфалт и задоцнета грижа за Исар Марвинци

Ldp logo.png

Соопштение на ЛДП:

Владата и вицепремиерот Николоски продолжуваат со практиката секојдневието и редовните комунални активности да ги претставуваат како „историски мега-проекти”. Вчерашната посета на Валандово и помпезните најави за „голем развој” се сведуваат на асфалтирање на 1.560 метри пат – зафат кој претставува основна комунална обврска, а не капитален успех. Фалеше единствено да се прогласи посетата на владината делегација за „историска”.


Уште поапсурдно е што актуелната власт се фали со инфраструктура во населените места Марвинци, Собри, Брајковци и Раброво, заборавајќи дека најголемиот дел од уличната мрежа во овие села веќе беше изградена и реконструирана во текот на претходниот мандат на локалната власт. Наместо вистински нови проекти, сведочиме на политички маркетинг врз основа на веќе сработеното.

Најмногу загрижува уште едно „ќе” овој пат за претворање на археолошкиот локалитет Исар Марвинци во „туристичка атракција”. По години институционална негрижа особено на централната власт, кога локалитетот беше оставен без заштита и стана мета на диви копачи и крадци на културно наследство, смешно е и неодговорно да се зборува за туризам без претходна сериозна заштита, конзервација и одговорност за досегашното пустошење.

Она што го очекуваа валандовчани и не го добија од ценетите гости од Владата беше поддршка на земјоделците од овој крај. На земјоделците не им се потребни скапи владини делегации за свечено отворање на километар и пол асфалт, туку системски решенија за пласманот на земјоделските производи, функционални системи за наводнување и вистинска децентрализација.

На граѓаните на Валандово не им требаат владини паради за радовна комунална активност на општината, туку реална поддршка за земјоделството, функционална инфраструктура и одговорно управување со јавните пари.

Можете да прочитате

Бесплатни уролошки прегледи по повод Месецот на машкото здравје

Поради метеж на терминалот Блаце, товарниот соовбраќај пренасочен од г.п Блаце кон бензиска „Дизел“

Променливо облачно со повремен дожд