Утрински Весник
Македонија

Пожар во „8 Септември“: Сите пациенти и вработени се безбедни, болницата работи редовно

Gradska Opsta Bolnica Osmi Septemvri 8.jpg

Пожар избувнал утрово на терасата на Одделението за ортопедија и трауматологија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Сите пациенти од одделението биле превентивно евакуирани и згрижени, а пожарот бил изгаснат со противпожарната опрема на болницата.

Од болницата соопштија дека околу 10:35 часот вработени на првиот кат почувствувале мирис на чад и забележале дека чадот доаѓа од терасата на одделението, кое се наоѓа на вториот кат. Веднаш биле известени раководителот на одделението и тимот за евакуација, а била повикана и противпожарната служба.


Според првичните информации од болницата, можно е пожарот да бил предизвикан од отпушок од цигара. На местото каде што избувнал огнот нема електрична ниту гасна инсталација, а материјалната штета е незначителна. Точната причина и околностите сè уште се утврдуваат.

Од „8 Септември“ потврдија дека сите пациенти и вработени се безбедни и дека болницата продолжува со редовна работа.

Можете да прочитате

Димитар Ангелески е нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Полициска акција во Скопје: Приведени тројца од Македонија, едно лице од Турција и едно од САД

Двајца родители пријавиле наставник за физички напад врз ученици во Скопје