Утрински Весник
Свет

Поранешната канцеларка Ангела Меркел ќе учествува во изборот за германски претседател

20250507202000 big 730x400 35.webp.webp

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе учествува во изборот за нов претседател на земјата в година како претставник на конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Веста за вклучувањето на Меркел во изборот денеска ја пренесоа неколку медиуми, пренесува ДПА.


Функцијата претседател во Германија е главно церемонијална, а претседателот се избира од страна на сите членови на Бундестагот (долниот дом на парламентот), заедно со еднаков број претставници избрани од парламентите на 16-те германски сојузни покраини.

Наследникот на актуелниот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, ќе биде избран на 30 јануари 2027 година.

Германските сојузни покраини во моментот ги избираат своите претставници за овој собир, иако коалициската влада, составена од конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите, сè уште нема постигнато договор за заеднички кандидат, пренесува германската агенција.

Поранешната канцеларка, која ќе ја претставува ЦДУ од северната покраина Шлезвиг-Холштајн, неодамна изрази став дека на местото на Штајнмаер треба да дојде жена.

„Во 77-годишната историја на Сојузна Република Германија никогаш немало жена на функцијата сојузен претседател“, изјави Меркел во интервју за „Магента ТВ“ (MagentaTV). Таа додаде дека секој треба да се запраша „дали, конечно, не е дојдено времето за тоа“, потсети ДПА на интервјуто на Меркел за „Магента ТВ“.

Можете да прочитате

Хакери ја зголемија температурата на фрижидерите во над 70 продавници во Белгија, Луксембург и Шведска

Прин: Насилството на улиците покажува дека треба да се подобри интеграцијата на мигрантите во Германија

Пад на цените на нафтата по сигналите за можно дипломатско решавање на војната против Иран