Утрински Весник
Македонија

МВР во акциска контрола на товарни возила – 25 возила исклучени од сообраќај

869628313 1111693361717377 8698004730182647091 n.jpg

На 28.10.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на товарни возила, насочена кон откривање и санкционирање на неправилности поврзани со претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, техничка исправност на возилата, превоз на лица, како и на моторни возила кои се вклучуваат во сообраќај од земјени патишта, градилишта и слични површини, при што нанесуваат кал на коловозот.

При спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. Констатирани се 101 неправилност, а поради утврдените неправилности, 25 возила се исклучени од сообраќај. Во рамки на контролата евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.


 Дополнително, констатирани се и 219 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник на МНР на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац

Од први мај директно ќе се лета од Скопје за Тиват