Утрински Весник
Македонија

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња 

Po maratonot pakomak i srednoshkolczite gi ischistija uliczite od plastichni shishina 2.jpg

Скопскиот маратон не ги обедини само оние што трчаа. Покрај организаторите, волонтерите и градските служби кои се грижеа настанот да помине непречено, во неговото одржување и расчистување по трката се вклучија и ученици од 24 средни училишта, со поддршка од Пакомак.

Низ улиците на Скопје за време на маратонот беа искористени повеќе од 90.000 пластични шишиња со вода и сокови, кои по освежувањето на тркачите остануваа долж трасата. Учениците ги собираа и ги ставаа во специјалните кеси обезбедени од Пакомак, со што помогнаа улиците побрзо да се исчистат по трката, а пластичната амбалажа да биде издвоена и насочена кон рециклирање.


Како дополнителен поттик за нивниот ангажман, Пакомак годинава ја зголеми наградата за собраната амбалажа. За секое собрано шише, на училиштата ќе им додели 4 поени, односно 4 денари, наместо досегашните 0,5 поени. Собраните шишиња ќе се рециклираат преку ПВМ-апаратите во текот на денешниот и утрешниот ден.

„Големите настани како Скопскиот маратон се можност да покажеме дека отпадот не мора да заврши на улица или на депонија. Со вклучувањето на средношколците, сакаме да покажеме дека селекцијата и рециклирањето можат да бидат едноставен и практичен дел од секојдневието. Оваа година дополнително го зголемивме и бројот на поени за собраната амбалажа, како награда за нивниот труд и поттик за младите да продолжат со ваквите активности“, велат од Пакомак.

Вклучувањето на средношколците покажа како една голема спортска манифестација може да ги активира младите и истовремено да поттикне одговорен однос кон средината. Наместо отпадот од маратонот да остане на улиците, тој беше собран и издвоен за рециклирање, со што учениците дадоа конкретен придонес за почист град.

Со своето учество, тие беа дел од маратонот и надвор од патеката – не само како помош во расчистувањето по трката, туку и како пример дека еко-свеста се гради преку практични навики и личен придонес.

Акцијата на Пакомак ја надополни спортската приказна на Скопскиот маратон со уште една важна димензија: по последниот истрчан километар, останува грижата за градот. А, оваа година, во таа грижа свој удел имаа и средношколците од 24 училишта.

Можете да прочитате

Божиновска – Петрова: Нови чекори за зајакнување на енергетската соработка меѓу Македонија и Бугарија

Focus on the Road – засилени контроли на МВР за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

КЛУЧ ОД МОТОР ПОВРЗАН СО УБИСТВО ПРОНАЈДЕН КАЈ 33-ГОДИШНИК: Во домот имал бомба, два пиштоли и 240 куршуми