Утрински Весник
Економија

Божиновска од Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регион

Image 2026 10 06 174956283.png

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствува на Вториот министерски самит на Република Србија, Република Северна Македонија, Република Грција и Република Бугарија, кој се одржува во Белград, во организација на Република Србија.

Во фокусот на самитот се сигурноста на снабдувањето, развојот на Вертикалниот гасен коридор, пристапот до LNG капацитетите преку Александруполи, диверзификацијата на изворите и правците на снабдување, како и унапредувањето на регионалната соработка во електроенергетиката.


Самитот следува по првата министерска средба во Атина во мај и го продолжува дијалогот за заеднички регионален пристап кон енергетската сигурност и отпорноста на системите.

Во македонската делегација се и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауноски, како и претставници на НОМАГАС.

Во рамки на посетата, министерката Божиновска оствари и билатерална средба со бугарскиот министер за енергетика, со фокус на понатамошното унапредување и проширување на веќе воспоставената соработка..

Можете да прочитате

Угостителските услуги за една година поскапеле 3,8 отсто

Засега нема подоцна да се оди во пензија, системот е стабилен, уверува Мицкоски

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите- поголеми придонеси не се решeние