Утрински Весник
Македонија

Обиена станица за технички преглед во Чаир, украден ресивер од видео надзорот

Kradec.jpg

На 27.09.2026 во 02:42 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 15:00 часот на 26.09.2026 до пријавувањето со употреба на сила било влезено во објект на станица за технички преглед на ул.„Александар Урдаревски” на подрачјето на Чаир и од канцеларијата на раководителот е одземен ресиверот од видео надзорот.

Полициски службеници излегоа на местото и притоа е контстатирано дека со употреба на сила е влезено во експозитура на една банка, како и во канцеларијата на МВР, кои се во склоп на објектот, но не е одземено ништо.


Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Протестен марш во Скопје за поддршка на осудените водачите на ОВК

По масовна тепачка во Центар, приведени 14 лица, од кои шест малолетници

Зајкова: Наместо да се расфрла со фалби дека соседите точеле евтино гориво кај нас, Владата треба да ги субвенционира македонските граѓани