Утрински Весник
Македонија

Денеска ново рочиште за случајот „Државна Лотарија“

Artan Grubi 750x430 1.jpg

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Државна лотарија“.

Ова е прво рочиште по минатонеделното предавање на истражните органи на првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.


Откако побегна од земјава, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.

Покрај Бајрами, во случајот се обвинети и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

На судењето што почна изминатата недела сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој на првото рочиште сѐ уште беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Можете да прочитате

Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО – отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби”, по член 353 од КЗ!

Ученик од Ѓорче Петров тешко повреден откако бил претепан од група малолетници

„Живи и мртви“: Стаорци и глувци кај „Буњаковец“ – на чекор од основно училиште