Утрински Весник
Македонија

Во последните 24 часа уапсени осум возачи

Lisen od sloboda vozac vo tetovsko vozel bez vozacka dozvola i predizvikal soobrakjajna nesrekja sleduva krivicna prijava image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило” по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(55) од с.Сарај, скопско, М.С.(29) од с.Петровец, скопско, И.М.(51) од с.Ранковце, Е.Е.(19) од с. Десово, прилепско и 17-годишник од с.Бузалково, велешко, кој со мотоциклот кој го управувал удрил во тригодишно дете.


Две лица управувале возило со активна забрана за управување на Б категорија и тоа:  Д.Б.(37) од Куманово и Б.С.(54) од Богданци, кој покрај забраната, го управувал возилото и под дејство на алкохол.

Од слобода бил лишен и Ј.А. (56) од с.Дулица, општина Македонска Каменица, бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Левица: Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот?!

Генералот Лафчиски учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабови од А-5 во Задар

Средба Шасивари – Бочек – 24info.mk