Утрински Весник
Македонија

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните избори во Брвеница

Img 3940.jpeg

ВМРО-ДПМНЕ го избра Стојанчо Радичевски за кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека кандидатурата на Радичевски била едногласно поддржана на редовна седница на Извршниот комитет на партијата.


Радичевски во моментов е претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Тој дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а образованието го продолжил со магистерски студии и е магистер по граѓанско право.

Од партијата очекуваат неговата кандидатура да добие поширока поддршка меѓу жителите на општината.

„Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на Општина Брвеница“, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека на вонредните локални избори ќе настапи со очекување за убедлива победа и освојување на градоначалничката функција во Брвеница.

Можете да прочитате

Жените ги нападнале мажите – три одделни случаи стигнале до полицијата

Се бара Роса Митковска: 84-годишната жена исчезна денеска во Скопје

ПИПЕРКИТЕ ЗАВРШУВААТ ПОД ТРАКТОР: Откупот 15 денари, производството чини 26