Утрински Весник
Македонија

Голема полициска акција во Скопје: Претреси на 32 локации, се влегува и во службени простории на МВР

Img 3914.jpeg

Голема полициска акција се спроведува денеска во Скопје, при што се вршат претреси на вкупно 32 локации, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

Според информациите од Обвинителството, претресите се вршат врз основа на наредби издадени од судија на претходна постапка, а обезбедени по барање на јавен обвинител од ОЈО Скопје.


Во рамки на акцијата се претресуваат лица и домови, но и службени простории во Министерството за внатрешни работи.

Паралелно со претресите, надлежните органи преземаат и други истражни дејствија со цел обезбедување докази потребни за понатамошната постапка.

Според ОЈО Скопје, акцијата се спроведува поради сомненија за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик.

Засега не се соопштува колку лица се опфатени со постапката, ниту дали има приведени. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на претресите.

Можете да прочитате

Променливо облачно и свежо: Денеска до 14 степени, на истокот можен слаб дожд

Шекеринска: Во НАТО сме на масата, сакам да бидеме и на сите други важни маси

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени