Утрински Весник
Македонија

Почина 47-годишен кумановец, излетал од патот Велес-Штип

Soobrakajka.jpg

На 10.09.2026 во 14:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за с.Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот.  

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.С.(44) од Куманово, констатирани во Клиничка болница Велес.


По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и тоа да биде законски регулирано

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија