Утрински Весник
Македонија

Утрово гужви на ГП „Богородица“

Whatsapp image 2025 12 31 at 09.51.46.jpeg

Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопштуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез од државата време на чекање е околу 45 минути, а на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Николоски: Автопатот Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен

Во Кочан уапсени двајца крадци

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавноста