Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: И да си замине Димитриевски, имаме повеќе од 61 пратеник

Img 8928.jpeg

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека Владата би го задржала парламентарното мнозинство и ако ЗНАМ на Максим Димитриевски ја напушти коалицијата. Во гостување на Телма, Мицкоски рече дека власта и во таков случај би имала поддршка од повеќе од 61 пратеник. 

Прашањето за стабилноста на коалицијата се отвори по најавата на Димитриевски дека ЗНАМ би можел да излезе од Владата доколку се дозволи полагање на правосудниот испит и на албански јазик. Мицкоски беше прашан дали ставот на коалицискиот партнер е дел од сценарио за предвремени парламентарни избори. 


Премиерот рече дека Владата работи со план редовните парламентарни избори да се одржат напролет во 2028 година. Сепак, додаде дека власта е подготвена да поддржи распуштање на Собранието и предвремени избори ако здружената опозиција поднесе таква иницијатива. 

Во истото интервју, Мицкоски ги отфрли тврдењата за договор со ДУИ во врска со враќањето на Артан Груби. За односите со Вреди, пак, рече дека координацијата е редовна и дека соработката е одлична. 

Можете да прочитате

Левица: Недостиг од лекови и колапс во јавното здравство – пациентите трпат додека Клековски тендерира

Кривична за двајца полицајци за земање мито на ГП Блаце

Уапсен скопјанец кој криумчарел мигранти од Непал