Утрински Весник
Скопје

Матевски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство, советниците на СДСМ со иницијатива за субвенциониран оброк во цело Скопје

Matevski.jpeg

Изјава за медиуми на Ненад Матевски, советник во Советот на општина Центар

Секаде каде што ВМРО-ДПМНЕ е на власт, образованието е на маргините, запустено и девастирано. Државните универзитети ги оставија без струја, за што друго да зборуваме? За студентскиот оброк? За тоа дека 140 денари се доволни за запалка и цигари? Ниту една општина раководена од ВМРО-ДПМНЕ нема ни половина од поддршката што Центар ја обезбедува за учениците.


Општина Центар е единствената општина во Скопје која ангажира лични асистенти во училиштата за децата со попреченост – мерка што за нивните општини е мисловна именка. Ги зголемивме ученичките стипендии за 50 проценти, обезбедуваме бесплатни униформи, ранци, екскурзии и училишен прибор, ги подмируваме сметките за струја на училиштата и градинките. Воведовме и субвенциониран училишен оброк – уште една мерка која за ВМРО-ДПМНЕ е незамислива.

И затоа, наместо политиканство и лицемерие, нека се фатат за работа. Фабриката за производство на лаги нека запре со работа. Кај граѓаните на Центар тоа не поминува, како што не поминуваат ниту секојдневните безлични прес-конференции, кои, се резултат на партиските директиви на Сергеј Попов.

Ние, како советници на СДСМ, ќе поднесеме иницијатива до Советот на Град Скопје за субвенција за оброк преку средношколска картичка.
Ќе се бориме оваа мерка да стане достапна за сите ученици во Скопје.

Ги повикуваме колегите од ВМРО-ДПМНЕ барем еднаш да застанат на страната на граѓаните, да ги остават настрана суетата и партиските директиви и да ни се приклучат во оваа иницијатива.

Наместо секојдневни прес-конференции, нека покажат со конкретни дела дека се подготвени да сработат нешто за доброто на центарци!

Можете да прочитате

Герасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центар

Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена – Борец“ се одвива со силна динамика

Меџити: Основното училиште „Kongresi i Manastirit” – 20 години историја, образование и гордост