Утрински Весник
Економија

Николоски: Правиме се што може за да им помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната

7899.jpg

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот.

„Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји, Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени”, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт.

Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери.

„Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија”, истакна Николоски.

Според него, на овој начин се опфаќаат земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери, а Владата и Министерството продолжува со работа за изнаоѓање дополнителни решенија.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна, приоритет остануваат макроекономската и финансиската стабилност

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари по литар

Грижа во домот, дневни центри и поддршка за лицата со попреченост, социјалната заштита се децентрализира