Утрински Весник
Македонија

Уапсен 19-годишникот кој удри пешак во Скопје и избега – „фиат пунтото“ одземено

Img 1339.jpeg

Полицијата го лиши од слобода 19-годишниот возач кој вчера вечерта удри пешак во Скопје и избега од местото на сообраќајната несреќа.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 6 август полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.Н. (19) од Скопје, кој е осомничен дека на 5 август околу 21:20 часот, на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“, управувајќи патничко возило „фиат пунто“, удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје, а потоа го напуштил местото на несреќата.

Во сообраќајката жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

По извршениот увид, полицијата веднаш започнала интензивна потрага по возачот и возилото. По насоки на јавен обвинител, осомничениот е задржан во полициска станица, возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога