Утрински Весник
Македонија

Приведени Германец и Србин на Табановце, им пронашле дрога и сомнителни евра

Gp Tabanovce.jpg

На 25.07.2026 во 17:58 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Х.Т.(24) од Германија и А.А.(27) од Србија.

При пасошка конрола, гранични проверки и преглед во возилото „хјундаи” со германски национални ознаки, во кое биле сопатници и преглед на личниот багаж на Х.Т. биле пронајдени и одземени марихуана и 34 банкноти од 50 евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Додека, кај лицето А.А. биле пронајдени и одземени марихуана и шест банкноти од 50 евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Еден месец од исчезнувањето на Љупчо, семејството бара помош

13 возачи уапсени за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Сообраќајка во струшко, две лица тешко повредени